Известување од ТППЕ до граѓаните на Македонска Каменица

ТППЕ Македонска Каменица ги известува граѓаните дека денеска во периодот од 09:00 до 10:00 часот, ќе спроведе тактичко показна вежба во кругот на ООУ “Св. Кирил и Методиј”.

Соопштението за јавност ви го пренесуваме во целост:

Во согласност со Правилникот за правилата за вршење на служба во Противпожарните единици во Македонија и Годишната програма за работа на ТППЕ – Македонска Каменица, на ден 13.05.2022 година, (петок) во периодот од 09:00-10:00 часот, во ООУ “Св. Кирил и Методиј“ ТППЕ-Мак.Каменица ке реализира методско тактичко-показна вежба “ЕВАКУАЦИЈА И СПАСУВАЊЕ НА ПОВРЕДЕНИ И ЗАГРОЗЕНИ ЛИЦА ОД ПОЖАР И ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАР”. За таа цел, согласно Планот за спроведување на вежбата, ги известуваме жителите на општина Мак.Каменица дека во горенаведениот период околу 09:00 часот движењето на нашите професионални противпожарни возила од единицата до ООУ “Св. Кирил и Методиј“ ке биде пропратено со активирање на соодветна, светлосна, звучна и ротациона сигнализација. Значи, да потенцираме уште еднаш, се работи за симулација на вежба за професионално реализирање на вежбата во училиштето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *