Зостер објави нов видео спот снимен во Руанда

Реномираниот инди-рок бенд, Зостер, го претстави новиот видео спот, за последниот сингл од нивниот албум „Срце узаврело“ – „Осјечам се“. Во песната станува збор за недостаток на оригиналност во современото општество и кризата на индентитет која денешните луѓе често ја чувствуваат. Видеото го сними и монтираше Miki Olabarri Powell, фотограф и режисер, а вооедно и пријател и надворешен соработник на бендот Зостер. Спотот е снимен за време на неговиот престој во Руанда, а главен протагонист е локален руандски танчер.
Инаку, Зостер последниот настап во Македонија го имаа во Македонска Каменица, на True Sound Of Kamenica Festival 2016.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *