Зорица Караѓозова – ученик на генерацијата во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Македонска Каменица

Македонска Каменица, 26.06.2020 година – Наставничкиот Совет при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Македонска Каменица за првенец на генерацијата ја избра ученичката Зорица Караѓозова од 9-а одделение. Според утврдениот правилник и бодовен систем за вреднување на успесите, Зорица Караѓазова е ученичка со најголем број на освоени поени. Оваа награда училиштето ја доделува секоја година со пригоден настан и програма, но годинава поради мерките за заштита и спречување на ширењето на заразата со Ковид 19, настанот ќе се одржи според пропишаните протоколи за заштита и грижа за здравјето на учениците и вработените во училиштата.

„Упатуваме честитки до Зорица Караѓозова, со желби за многу нови успеси и во иднина. Честитки и до учениците од оваа генерација и до сите ученици, кои покажаа големи знаења и примерно поведение.
Бидете здрави, живи и успешни во совладувањето нови предизвици и стекнувањето на нови знаења“, – се вели во објавеното соопштение на официјалната страна на училиштето.

Караѓозова, покрај одлучниот успех и примерно поведение во текот на целото основно образование, редовно учествува на општински, регионални и државни натпревари по повеќе предмети , како Биологија, Физика, Ликовно образование и други. Покрај тоа, како активен спортист и дел од прволигашката сениорска екипа на ЖКК Баскет Кам, таа е дел од сите спортски екипи кои се натпреваруваат во ученичките лиги на државно ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *