Зголемен интересот за женскиот фудбал во Македонска Каменица. ЖФК Каменица САСА ги претстави најмладите членки на клубот

Македонска Каменица, 08.05.2021 година – Фудбалскиот шампион на Македонија во женска конкуренција, ЖФК Каменица Саса ги претстави најновите и најмлади членови на клубот.

Во текстот објавен на нивниот официјален “фан пејџ” стои:

Нови фудбалерки во најмалите генерации 👏
Уште поголем интерес од девојчиња од Македонска Каменица, се надеваме
идни европски фудбалерки и наши репрезентативки🙏
#ОдимеНапред #ОдимеДоКрај 💪🥇🏆🖤⚒

Иако клубот постои само три сезони, ЖФК Каменица Саса е двократен шампион на Македонија и учесник во најсилното европско фудбалско натпреварување, Лига на шампиони.

Основач и тренер на Женскиот фудбалски клуб во Македонска Каменица е Зоран Златковски, поранешен фудбалер со повеќегодишна интернационална кариера, со свои фудбалски почетоци во ФК Каменица САСА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *