ЗА ДВЕ ГОДИНИ СЕ ИСЕЛИЛЕ НАД 300 ЛЕКАРИ ОД ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА

За само две години, од Источниот регион се иселиле над 300 лекари, покажуваат последните податоци од Здружението на приватни лекари на Македонија. Ова е фрапантна бројка, која според трендот на миграција во моментов, се очекува се повеќе да расте.

Во моментов, во Источниот регион, околу 180.000 жители има 443 општи лекари, што е помалку од потребното.

Сличен проблем имаат речиси сите соседни земји, но најизразен е проблемот во Бугарија, каде населението старее, а лекарите леб си бараат надвор од државата :

  • Состојбата со лекарската фела е многу застрашувачка. Ние немаме лекари. Од 100 жители на Бугарија, над 60% се луѓе над 50-годишна возраст, тоа е многу страшно, изјави д-р Саби Хаџиев, прет. на Регионална лекарска комора – Благоевградска област.

Еден од начините младите лекари да си ги задржат дома, е преку покачување на почетните плати :

  • Младите лекари кои завршуваат во Бугарија пред две години земаа минимална плата. Сојузот на лекари на Бугарија успеа да издејствува младите лекари да земаат пристојна почетна плата, која во моментов е околу 900 лева, со што им се пружа можност и за обука и специјализација, дополни Хаџиев.

Најава за покачување на платите на лекарите имаше и во Македонија, но сеуште не е прецизирано дали тоа ќе важи и за младите лекари или само за специјалистите кои имаат повеќегодишно искуство во јавните здравствени установи во државата.

Извор: СтарТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *