Засадени 300 декоративни дрвја во централното градско подрачје на Македонска Каменица

Македонска Каменица, 24.04.2020 година – ЈП Камена Река и покрај вонредните активности во кои се ангажирани сите вработени со двосменско работење за спречување и ширење на заразата со Ковид 19, паралелно се работи и на засадување на листопадни и зимзелени дрвја во централното градско подрачје на Македонска Каменица
Од страна на општина Македонска Каменица се набавени 300 разни видови декоративни дрвја. Дел од нив се засадени, а останатите ќе бидат засадени на повеќе локации во Македонска Каменица.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *