Започнува со работа реконструираната сала во НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани. Во сабота кинопроекција на филмот „Преекспонирано“

Свечено отварање на реконструираната сала во Националната установа Центар за култура “Бели мугри”- Кочани. Свеченоста по повод отварањето на реконструираната сала при НУЦК „Бели Мугри“ ќе започне во 19:30 часот, на 29. Април 2023 година.
Ги информираме сите љубители на културниот живот, кои во изминатите три години поради реконструкцијата на салата се упатуваа кон соседните градови, дека ни претстои сезона со богата културно уметничка програма за сечиј вкус, – истакнуваат од НУЦК „Бели Мугри“ Кочани
Терминот во 20:00 часот е резервиран за кинопроекција на долгоочекуваниот филм „Преекспонирано“.
Картите за кинопроекцијата веќе се пуштени во продажба со цена од 150 денари. Истите можат да се купат од билетарницата при установата секој работен ден и пред почетокот на кинопроекцијата.
Сиже на филмот:
Проблематична тинејџерка ја нарушува кревката рамнотежа на брачна двојка откако доаѓа кај нив на гости на неколку дена.
Режисер: Елеонора Венинова
Продуцент: Гоце Кралевски
Ко-продуцент: Мирјана Томич (ЛИЛИТ-Србија)
Сценарист: Елеонора Венинова
Актери: Камка Тоциновска, Благој Веселинов, Сара Климоска, Марјан Наум
Реконструкцијата на салата во НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани е проект реализиран во соработка и поддршка од Министерството за култура.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *