Започна уредувањето на просториите во градската теретана. Работењето според строго утврдени протоколи за заштита од Ковид 19

Македонска Каменица, 22.07.2020 година – Придржувајќи се до донесените протоколи од страна на Владата и Комисијата за заразни болести, општина Македонска Каменица преку работата на ЈП “Камена Река” започна со обезбедување на потребните услови за работа на градската теретана во склоп на Куќата на спортот.

Во официјалното соопштение за јавност на профилите од социјалните мрежи на општина Македонска Каменица стои дека, започнатот уредување на внатрешните простории од градската теретана во склоп на “Куќата на спортот”, во наредните денови ќе продолжи со дезинфекција на просториите во Куќата на спортот. Исто така, ќе биде воспоставен и посебен режим за престој и користење на теретаната, пропишан според протоколите и мерките за заштита од Ковид 19.

Со ова, повторно се обезбедуваат неопходните услови за спорт и рекреација на граѓаните на Македонска Каменица и дополнителен простор за летните подготвителни активности на спортските клубови, – стои на крајот од соопштението на Општината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *