ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА ПАТОТ ДО МААЛО ДОГРИИ ВО СЕЛО ДУЛИЦА

ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА ПАТОТ ДО МААЛА ДОГРИИ ВО СЕЛО ДУЛИЦА

Македонска Каменица 03.06.2022 година – Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски на официјалните налози на социјалните мрежи објави вест дека, денеска започна асфалтирањето на локалниот пат до маало Догрии во село Дулица.

 

Поради утврдени недоследности во работата при асфалтирањето на претходните делници до маало Буќерци и Дракарско маало, “Тимови од Општина Македонска Каменица континуирано ќе ја следат реализацијата на проектот за се да помине во најдобар ред”, – изјавува градоначлникот Атанасовски

Паралелно се одвива и асфалтирањето на улица Церска во Македонска Каменица, а во текот на наредната недела општина Македонска Каменица ќе потпише Договор за изградба на осветлување на кеј на река Каменичка, како и изградба на втората фаза од улица Миле Јаневски Џингар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *