Македонска Каменица, 06.10.2020 година – Започна реконструкцијата на внатрешниот дел од Здравствената станица “Гоце Делчев” во Македонска Каменица.
Проектот кој треба да биде реализиран во наредните 15 дена опфаќа внатрешна реконструкција со замена на подот и уредување на ѕидовите во сите заеднички и помошни простории во установата, – изјави д-р Марија Глигоровска, директор на ЗД Гоце Делчев – Делчево
Истите градежни активности ќе бидат преземени и во ЗД “Гоце Делчев” во Делчево. Крајниот рок за уредување на внатрешноста на двата објекти е 50 денови од почетокот на работите. Во склоп на реконструкцијата, покрај целосното реновирање на внатрешноста на просториите од Итната медицинска помош, предвидена е обнова на санитарните јазли и поставување на нови елементи во тоалетите од објектот, – додаде д-р Глигоровска
Ова е прв крупен проект кој опфаќа целосно реновирање на внатрешните простории од Здравствената станица во Македонска Каменица, која е изградена во 80-те години од минатиот век.