ЖФК Тиверија и ЖФК Каменица САСА одиграа без погодоци во Струмица

Со нерешен резултат од 0:0 заврши Супер дербито, кое денеска се одигра во Струмица како дел од 14. Коло на Првата македонска женска фудбалска лига, помеѓу екипите на ЖФК Тиверија и актуелниот шампион на Македонија, екипата на ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица.

Двете екипи има свои моменти на натпреварот и изгледни шанси за гол. Гостите во 53 минута не реализираа пенал, а гостинската екипа од Македонска Каменица во три наврати упати удар во пречката од голот.

Останува да ја забележиме и шансата за гол на ЖФК Каменица САСА, кога по уфрлената топка од страна Ана Димитровска упати удар со глава, но една од домашните одбрамбени фудбалерки успеа да спаси сигурен гол, исфрлајќи ја топката од самата гол линија во корнер.

Нерешениот резултат од денешниот натпревар донесе непроменет пласман во врвот на табелата. Лидер на табелата останува Љуботен, додека второто и третото место остануваат резервирани за денешните противници Тиверија и Каменица САСА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *