ЖФК Каменица САСА обезбеди висок пласман во Првата женска фудбалска лига

Вчера, во рамки на 22. Коло од Првата Женска
Фудбалска лига на Македонија, екипата на ЖФК Каменица Саса се сретна со екипата ЖФК Топ Гол од Битола. Во директната пресметка за 6-та позиција на табелата каменичките девојки успеаа да слават со 0:1. Сега разликата е 4 бода помеѓу овие два тима. Наредното коло ЖФК Каменица Саса го игра на домашен терен, токму против петтопласираната екипа ЖФК Прилеп од Прилеп. Со евентуална победа, ЖФК Каменица Саса ќе се искачи на 5. место на табелата што е огромен успех за каменичкиот женски фудбал.

Стрелец на голот за каменичанки против ЖФК Топ Гол на натпреварот во Битола беше една од подобрите и стандардни првотимки во клубот, Мила Талевска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *