ЖФК Каменица САСА немилосрдна во Куманово против ЖФК Речица

Во натпреварот од 1. Коло на Првата женска фудбалска лига на Македонија, екипата на ЖФК Каменица САСА се врати со првите три бодови од гостувањето во Куманово. Одигра немилосрдно против ЖФК Речица, совладувајќи ја со 0:11, во корист на девојките на ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица.

“Прва победа и први три бодови за нашиот тим на гостувањето во Речица, каде нашите девојки, незапирливи и расположени за игра, дојдоа до висока победа” – во краткиот осврт за мечот кажа Зоран Златковски, тренер на ЖФК Каменица САСА

Стрелци на головите за каменичкиот состав се Вероника Николовска (1), Антонина Шопска (2), Пејтон Чик (3), Ленче Андреевска (4).

#ОдимеНапред #ОдимеДоКрај

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *