ЖФК Каменица САСА е финалист во Купот на Македонија

Со високата победа од 8:0 против ЖФК Борец од Велес, екипата на ЖФК Каменица САСА обезбеди пласман во финалето од Купот на Македонија.

Стрелци на головите за целосна резултатска доминација на каменичките девојки во полуфиналниот натпревар покрај Ана Димитровска и Пејтон Чик со по 3 погодоци, беа Ленче Андреевска (1) и Пале Николовска (1 пенал).

“Остваривме победа која не носи во финале. Нашите девојки беа супериорни, доминантни, незапирливи во текот на целиот натпревар. Честитки за победата и благодарност до нашите фанови и љубители на фудбалот за дополнителната мотивација и поддршка од трибините на Градскиот стадион во Македонска Каменица” – изјави Зоран Златковски, стратегот на ЖФК Каменица САСА.

ЖФК Каменица САСА е двократен шампион во домашното првенство и освојувач на Купот на Македонија.

#ОдимеНапред #ОдимеДоКрај

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *