По комплетирани тринаесет кола од Првата македонска женска фудбалска лига, ЖФК КАМЕНИЦА САСА е лидер во првенството и официјален есенски шампион на Македонија. Одличните и доминантните игри на каменичките девојки влеваат надеж дека овој тим ќе остане лидер до крајот на сезоната и дека ќе ја донесат титулата во Македонска Каменица. Само четири примени гола, седумдесет и еден постигнат, дванаесет победи и еден нерешен резултат е епилогот од досегашниот дел од сезоната. Сериозниот пристап дава резултати и е поттик за идни вложувања во женскиот фудбал.
Каменичани очекуваат титула и се надеваат дека тоа ќе се случи уште оваа сезона.