ЖКК Баскет Кам рутинирано го победи ЖКК Гостивар на почетокот од новата сезона

Македонска Каменица, 28.10.2019 година – ЖКК Баскет Кам одигра одлични натпревари во рамки на второто коло од Првата македонска лига на Македонија во женска конкуренција. Каменичките девојки славеа со 71:34 на гостувањето во Гостивар против ЖКК Гостивар. Рутинирана победа на почетокот од сезоната против силниот ЖКК Гостивар значи одлична игра и борба на ЖКК Баскет Кам за врвот на табелата.
Младинската екипа на ЖКК Баскет Кам со одлична игра во текот на целиот натпревар како и сениорките славеше со 51:26 за дополнително славје на каменичките девојки.
„Задоволни сме од играта и пожртвуваноста на сите поединци на теренот. Екипата е поискусна, веќе втора сезона се натпреваруваме во Првата македонска лига. Неколкуте засилувања во нашите редови, допринесуваат за дополнителна сигурност на сите позиции. Денес во остварувањето на оваа значајна победа за нас, слободно можам да кажам дека допринесоа сите поединци, но пред се би ја издвоил тимската и дисциплинирана игра“, – истакна тренерот на ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица, Јордан Ц.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *