ЖКК Баскет Кам најавува борба за титулата во шампионатот на Македонија. ЖКК Про Баксет замина декласиран од Македонска Каменица

Вицешампионскиот тим на ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица и победник во Купот на Македонија, вчера и денеска извојува рутински победи против ЖКК ПроБаскет од Кавадарци со убедливи 83:34 во сениорска конкуренција и против ЖКК Риниа Баскет во М16 категорија со 49:34 поени.

Ова е втора победа на ЖКК Баскет Кам под водство на тренерот Златко Гоцевски, кој изјави дека е задоволен од играта на сите поединци во тимот. Начинот на кој со дисциплинирана игра во текот на целиот натпревар покажаа надмоќ над противникот. На крај славевме заслужена и убедлива победа против младиот тим на ПроБаскет од Кавадарци” – додаде Гоцевски

Денеска, младите кошаркарки од М16 категорија на ЖКК Баскет Кам со целосна контрола на играта успеаа да слават значајна победа против врсничките од ЖКК Риниа Баскет.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *