Жителите на село Косевица добиваат нов асфалтен пат од 2 километри

Македонска Каменица, 09.10.2019 година – Денес започнаа градежните работи за изградба на локален пат до Врбачко маало во село Косевица. Oпштина Македонска Каменица преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, која се спроведува од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој обезбеди 18.000.000,00 денари за реализација на повеќе проекти во селските средини.

Преку оваа програма општина Македонска Каменица ќе искористи финансиски средства во износ од 12.000.000,00 денари за изградба на локални асфалтни патишта во село Косевица, и тоа до маало Бошњаци, Врбаци и Пашите. Вкупната должина која ќе ги поврзе овие рурални средини во село Косевица со локални асфалтни патишта изнесува 2023 метри.
Финансиските средства од скоро 6.000.000,00 денари добиени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, ќе бидат наменети за изработка на урбанистички планови во селата Луковица, Моштица и село Саса
. За ова од општина Македонска Каменица дополнуваат дека Дополнително ќе биде утврден опфатот на урбанистичките планови во наведените селски средини, а реализацијата продолжува со започнување на тендерска постапка за избор на најповолен понудувач за изведба на проектите, -додаваат од општина Македонска Каменица

Со асфалтирањето на оваа делница, општина Македонска Каменица трајно го решава проблемот на жителите од село Косевица , проблем со кој се соочуваат децении наназад.  Како одговорна локална самоуправа, која се грижи за квалитетот на живот во општина Македонска Каменица покажува дека продолжува да работи на остварување на реалните потреби на граѓаните како во градската, така и во селските средини во општина Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *