Женската екипа на „Баскет Кам“ брилијантна, машката екипа М-18 стандардно одлична и прв пораз на машката екипа М-16

Женската екипа на КК „Баскет Кам“ оствари две нови победи. Најпрвин беше совладана екипата на „Јуниор“, на гостински терен во Скопје, со резултат 33:58. Најдобра на овој натпревар беше Моника Зафировска со 15 постигнати поени. Во домашната сала, пак, беше извојувана убедлива победа против екипата на „Гостивар“, а конечниот резултат беше 83 -38. Оваа средба најдобро ја одигра Евгенија Пауновска која постигна 20 поени, а Моника Зафировска и Стефанија Георгиева постигнаа 15, односно 11 поени. Се поизвесно е дека женската екипа на „Баскет Кам“ и годинава ќе се бори за највисок пласман и за еден од медалите.

Машката екипа-М-18 ја совлада екипата на „Михајловски“ од Куманово, со резултат 52:76. Стандардно најдобар беше Александар Тодоровски, со 25 постигнати поени. 

Прв пораз во сите генерации забележа машката екипа-генерација М-16, на домашен терен, од екипата на „Пантери“ од Куманово. Конечниот резултат на овој натпревар беше 55-63.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *