Ердоган ќе ја забранува прељубата со закон

img

Ердоган: Ќе ја забраниме прељубата со закон
Турција се движи во правец на посилна исламизација на општеството – претседателот Реџеп Таип Ердоган предложува неверството во брак во оваа земја да стане кривично дело, наведуваат порталите.

Тој наведува дека било погрешно одложувањето на таа одлука во 2004 година, поради притисокот на ЕУ.

„Мислам дека сега е вистинското време да дискутираме за ова прашање, со оглед на тоа што нашето општество сега има поинаков морален став“ – истакнал Ердоган.

Турција во 2004 година се откажала од настојувањата да ја забрани прељубата како дел од иницијалните преговори за евентуално членство во ЕУ.

Освен тоа, сменет е и кривичниот закон, некои политики се либерализирани и проширени се индивидуалните слободи.

Тогаш Брисел и порача на Анкара дека со криминализирањето на прељубата, Турција би си ја затворила вратата за членство во ЕУ, па партијата на Ердоган на крајот се откажала од овој закон.

Криминализацијата на прељубата е тема на расправа во Турција со децении.

Во 1996 година Уставниот суд го укинал законот за прељуба, според кој жените биле казнувани повеќе од мажите.

Според тој закон мажите биле одговорни за прељуба само ако влезат во долгорочна вонбрачна врска, а жените биле виновни само по едно неверство на брачниот партнер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *