„Еленец“ годинава со рекорден број посетители

Манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ годинава го посетија рекорден број посетители. Повеќе од 30 000 гости имаа можност да уживаат покрај манастирот „Покров на Пресвета Богородица“ и манастирските конаци, во село Цера, Македонска Каменица. Бескрајните зелени пејсажи, бистрата планинска вода и чистиот воздух, како и континуираните инвестиции во комплексот, се значајни предуслови, „Еленец“ да прерасне во значајна туристичка атракција.

Покрај ова, во моментов се работи на подготовка на долгогодишна стратегија со која треба да бидат утврдени правилни насоки за развој на овој манастирско-туристички комплекс. Подобрувањето на понудата ќе придонесе за уште поголем број на гости и поголем бенефит за локалното население.

Според очекувањата на Здружение на граѓани „ЕЛЕНЕЦ ЦЕРА“, веќе во 2017 година на „Еленец“ ќе дојдат околу 50 000 гости. Ќе биде зголемен бројот на културни настани и манифестации, а ќе се создадат и подобри услови за гостите кои доаѓаат за викенди и празници. Главни поддржувачи на настаните на „Еленец“ се општина Македонска Каменица, Рудник „Саса“, ЈП „Камена Река“, локалното Здружение на пензионери и уште неколку локални фирми и институции.

12310533_1497719597197807_5840929464631781665_n

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *