ЕКСКЛУЗИВНО: Српскиот рок бенд Галија ќе пее пред каменичани на 27-ми август

Српската група Галија е првото име кое и официјално е потврдено за најголемата културна манифестација во Македонска Каменица – Каменичко Културно Лето. Еден од најпопуларните бендови во поранешна Југославија доаѓа во малиот рударски град во рамки на нивната сеуште актуелна турнеја „Galija još uvek sanja“ и е подготвен да приреди спекатакуларен концерт.

Групата „Галија“ е основана во 1977 година, но нивните хитови сè уште се свират речиси на сите свирки на музичари низ поранешна Југославија. Во нивната дискографија се запишани 21 музички албум, а како најголеми хитови се издвојуваат„Старе трубе“, „Дигну руку“, „На твоје стране кревета“, „Још увек сањам“, „На твојим уснама“ и многу други.

Инаку, манифестацијата Каменичко Културно Лето 2019 ќе се одржува на Градскиот плоштад во Македонска Каменица на 27-ми и 28-ми август, а ќе настапат неколку реномирани балкански и македонски музички ѕвезди, чии имиња ќе бидат објавени наскоро.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *