Едно лице загина во тешка сообраќајка на експресниот пат Кочани – Штип

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи денес околу 13 часот на експресниот пат Штип-Кочани во близина на клучката кај Крупиште.

Сообраќајката се случила меѓу две товарни возила со беровски и скопски регистерски ознаки, при што на лице место починал 62-годишен возач од Велес кој управувал со пикап-возило со скопски регистерски таблички.

Во сообраќајката има и повредени лица кои се пренесени во штипската Клиничка болница, а шестмина пожарникари учествувале во акцијата за извлекување на повредените од камионот, кој превезувал жито.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека се врши увид од страна на полицијата и обвинител, а сообраќајот на овој патен правец е во прекин и возилата се пренасочуваат по стариот регионален пат.

Извор: 24Вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *