ЕВН: Евтината тарифа воведена во сите домаќинства

ЕВН Македонија соопшти дена нејзините стручни тимови завршиле со имплементација на дневната евтина тарифа за сите достапни броила. Станува збор за околу 800 илјади броила, кои согласно планот во период од еден месец биле рачно прилагодени да покажуваат и евтина тарифа, во периодот од 14 и 16 часот секој работен ден и во сабота.

Од ЕВН велат дека броилата до кои екипите немале пристап, сѐ уште не се прилагодени, а тоа се најчесто викендици или пак објекти без корисници.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, покрај стандардната ноќна евтина тарифа од 22 до 7 наутро, и целодневната тарифа во недела, корисниците добија и 2 часа дневна евтина тарифа во периодот од 14 до 16 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *