Еве што прво да направите ако ви го украдат мобилниот телефон

Често пати се случува да биде украден нечиј мобилен телефон, но и да го изгубиме, но за среќа постојат неколку работи кои може да ви ја олеснат работата околу пронаоѓањето.

Нормално прв чекор кој треба да го направите е да пријавите во најблиската полициска станица за мобилниот уред да може да се лоцира.

Освен тоа можете и самите да си го заклучите телефонот за крадецот да не може да го користи.

Со помош на серискиот број заклучете го мобилниот телефон и заштитете го од крадци

Но постои можност и сами да го заклучите вашиот мобилен телефон, со што ќе го заштитите од крадецот, односно тој ќе нема да може да го користи,но за тоа потребно е да го знаете серискиот број од вашиот уред, а тоа може да го дознаете доколку искуцате *#06# и на екранот ќе ви се појави 15 цифрен број. Овој број е всушност серискиот број на вашиот мобилен, кој треба да го зачувате. Доколку се случи да ви го украдат мобилниот или пак да го изгубите повикајте го операторот, и прочитајте му го овој 15 цифрен број, за да може да се блокира телефонот. Така никој нема да може да го користи иако на него стои сим-картичката.

Потоа продолжете да работите на лоцирањето на телефонот за што побрзо да го добиете назад.

 

За среќа сега има повеќе можности и поголеми шанси за пронаоѓање на мобилните телефони за разлиак од порано. Пред извесно време „Google“ воведе нова функција за телефоните кои работат на „Android“, а потребно е само корисниците да ја инсталираат последната верзија на стандардната апликација „Google“ на својот телефон. Во случај на кражба, доколку не може да го лоцирате телефонот со помош на оваа апликација преку вашиот профил на „Google“ со помош на компјутер треба да се отвори само пребарувач. Напишете  „find my phone“ и „Google“ ќе покаже мапа од локацијата на уредот.

 

Извор: Скопје 24

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *