Д-р Сања Стоименовска говори за вакцинацијата против сезонски грип (Видео)

Во директно вклучување на Утринската програмана на националниот сервис МТВ1, за аплицирањето на вакцините од сезонски грип, со репортерот Биљана Јанакиеска говори нашата сограѓанка – доктор по општа медицина, Сањица Стоименовска.

Во својата изјава д-р Стоименовска истакнува дека, “Луѓето кои што сакаат да се вакцинираат,треба да се пријават на вакцинација.мк или да ги пријави матичниот лекар. Бесплатно може да се вакцинираат луѓе над 65 години, хронично болни, деца од 6 месеци до 5 годишна возраст и здравствени работници”.

Несакани реакциии, кои ги истакнува д-р Стоименовска, после вакцината може да бидат, локална болка, црвенило со оток на место на инјектирањето на вакцината (се решава со облога од 3% Acidi borici) , замор, малаксаност, главоболка, болка во мускулите која поминува за еден до два дена.

“Не смеат да се вакцинираат лица кои се алегични на јајца и гентамицин, лица кои моментално имаат температура или се позитивни на Covid19” – додава д-р Стоименовска, која дава уште многу други корисни информации и детали околу темата вакцинирање. Истите можете да ги погледете во следното видео:

Д-р Стоименовска е наша сограѓанка. Родена е во Македонска Каменица во 1985 година. Сопруга и мајка на две деца. Живее во Скопје, каде моментално работи во Поликлиниката Идадија – превентивана медицина ,во делот вакцинација против сезонски грип.

Завршува Фармацевтски факултет, а потоа се вработува во фирма за производство на сув цвет од канабис за медицински цели. Од 2015 година, во времетраење од 6 години, студира на Медицинскиот факултет на УКИМ во Скопје, при што се стекнува со звање доктор по општа медицина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *