Дружете се! Денес е меѓународен ден на пријателството

Време е за дружење! Денес светот го празнува Меѓународниот ден на пријателството. Ден кога треба да се потсетиме на лицата кои најмногу ни значат, а со кои не сме крвно поврзани, и да прославиме за специјалните врски кои ги градиме со нив.

Пријателство

Датумот 30 јули беше назначен за Меѓународен ден на пријателството во 2011 година од страна на Генералното собрание на Обединетите Нации со идејата дека пријателството меѓу луѓето, земјите, културите и индивидуите може да инспирира напори за мир и да изгради мостови помеѓу различните заедници.

Овој празник се славеше и претходно, но не беше признат официјално. Во негова чест, во 1988 година сопругата на тогашниот Генерален секретар на ОН, Кофи Анан, го прогласи мечето Вини Пу за светски Амбасадор на пријателството на ОН.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *