ДПД “Саси” потпиша меморандум за соработка со општина Македонска Каменица

“Потпишавме Меморандум за соработка со новоформираното Доброволно противпожарно друштво “Саси” од Македонска Каменица” – изјави градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски по завршувањето на денешната средба во неговиот кабинет.

Членовите на ова друштво, како што се вели во продолжението од текстот на соопштението на градоначаникот Атанасовски, покрај помошта за ТППЕ ќе помагаат во разни акции, од еколошки карактер, па се до санирање на штети од непогоди.

Очекувањата се дека ДПД “Саси”, кое постои веќе два месеци и е формирано од волонтери и ентузијасти од Македонска Каменица, ќе има повеќе од 120 доброволци кои во акциите ќе учествуваат со ресурси обезбедени од друштвото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *