До сабота пеколни 39°С, заладување дури од понеделник

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 30 до 37 степени.

Вредноста на УВ индексот ќе биде 8.

Во Македонска Каменица времето ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Температурата ќе достигне 33 степени.

До сабота ќе се задржи претежно стабилно и топло време. И утре во попладневните часови локално ќе има појава на нестабилна облачност со краткотраен дожд и ретки грмежи.

Дневната температура ќе биде во постепен пораст, но ќе се задржи во рамките на просекот за овој период од годината. Најтопло ќе биде во сабота со максимална температура до 38 степени на југоистокот од земјава.

В недела кон крајот на денот ќе има локален пороен дожд со грмежи, а во понеделник се очекува облачно време со пообилни врнежи од дожд, засилен северен ветер и занчително опаѓање на дневната температура.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *