ДОМАШНА ПРОДУКЦИЈА ЌЕ СНИМА ФИЛМ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА. ПОТРЕБНИ СЕ СТАТИСТИ

Македонска Каменица, 23.01.2021 година – Кој вика дека сите снимања се во Скопје? Идната недела (31.01.2021) Кино ОКО продукција снима во Македонска Каменица.

За снимањето се потребни неколку статисти од нашиот град: 5-6 девојки на 16-17 години и 5-6 мажи и жени со над 30 години.

Пријавете се со свежа фотографија (како за лична карта), година на раѓање и контакт број на линкот овде: guzzva.casting.agensy.

Со тагирање можете да пријавите другар(ка), брат, сестра, роднина, комшија и секој од Македонска Каменица за кој знаете дека е заинтересиран(а).

За деталите и содржината на филмот повеќе ќе откриеме кога ќе започне снимањето во нашиот град, сега би издвоиле само дека станува збор за социјална драма која ја отсликува потребата на младите луѓе да растат и созреваат побргу, но и нивната потреба од повторно враќање кон убавините на детството и уживање во детските денови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *