Дождлив викенд со ниски утрински температури, во најава и пролетни температури

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени.

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски за Еспресо.мк

Потоа во следните денови времето ќе биде претежно стабилно и суво со пораст на максималните температури на воздухот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.

Сепак наутро ќе биде студено и на некои места температурите ќе се спуштаат до околу -10 степени, и тоа особено утре.

Исклучок ќе биде ноќта сабота кон недела, и понеделник кон крајот на денот и навечер кога ќе има локални врнежи од дожд и од снег.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *