Доделени 20 000 денари на Марко Спасевски- првородено дете во Македонска Каменица во 2018 година

IMG 2144

01.02.2018 каменица.мк

По одлуката на Советот на Општината за промена на Правилникот за исплата на парични средства за новородено дете донесена по иницијатива бр.08-1795/1 од 01.12.2017 каде секое првородено дете во годината на територијата на општина Македонска Каменица наместо досегашните 10.000 денари ќе добива вредносен чек од 20.000 денари, а останатите новороденчиња кои досега добиваа по 6.000 денари, отсега ќе добиваат по 10.000 денари.

Оваа чест и задоволство оваа година му припадна на Марко Спасевски кое е првото новороденче во 2018 година на територијата на општина Македонска Каменица. По тој повод Градоначалникот на општина Македонска Каменица Г-ѓа Соња Сатменкова на неговата мајка Г-ѓа Катерина Спасевска и врачи чек во износ од дваесает илјади денари.

IMG_2143.JPG

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *