Денес започна пролетниот дел од Детската лига – Исток. Во првото коло детските екипи на ФК Каменца – САСА и ФК Младост Тошев од Оризари, Кочани одиграа четири натпревари. Во натпреварите во категории според возраста на играчите, беа постигнати следниве резултати:
2010/11 8:2
2009/10 5:2
2007/08 3:0
2005/06 3:6
Она што треба, покрај убедливите победи на Каменица-САСА, да се забележи е прекрасната фудбалска атмосфера на градскиот стадион во Македонска Каменица. Многу дружење помеѓу дечињата и фер и одлично однесување на теренот.