Дете исчезнато во Кочани пронајдено во Гази Баба

Вчера околу 05:00 часот од страна на полициски службеници од полициска станица Гази Баба, бил пронајден Д.И. (12) од Кочани.

Од МВР информираат дека тој бил пријавен дека се оддалечил од домот на 16.01.2021.

Претходно, на 2-ри октомври минатата година, „Радио Кочани“ пренесе дека се изгубило 12-годишно дете.

Имено, според возраста и иницијалите (Д.И., 12 години), веројатно станува збор за истото момче, кое, според 31-годишната мајка, се оддалечило од својот дом.

Сега, неколку месеци подоцна случајот се повторува и детето е најдено во Општина Гази Баба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *