Десет вистини што ги научивме за коронавирусот

Американскиот лекар и поранешен директор на Националните центри за превенција и контрола на болести, доктор Том Фридн, презентираше список со „10 неспорни вистини за Ковид-19“ пред Комисијата за верификација на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.

– За време на мојата 30-годишна кариера во областа на јавното здравство, никогаш не сум видел нешто како коронавирусот, кој е застрашувачки и без преседан, рече д-р Фриден и продолжи:

– Еве 10 неспорни вистини за коронавирусот:

1. Во Њујорк ситуацијата е многу лоша. Иако бројот на жртвите на Ковид-19 сега значително се намалува, во Њујорк во просечен ден од епидемијата сè уште има двојно повеќе смртни случаи од вирусот, отколку од сите други болести заедно.

2. Колку и да е застрашувачки лошо, ова е само почеток.

3. Податоците се многу моќно оружје против вирусот, бидејќи употребата на податоци при дефинирање на трендовите ни помага да го спречиме ширењето во одредени кластери пред поединечни случаи да прераснат во епидемиски бран.

4. Кога ќе успееме да ја свртиме кривата на раст и да го намалиме бројот на новозаразени, мора да го ограничиме или изолираме вирусот.

5. Мора да најдеме рамнотежа помеѓу рестартирање на економијата и неконтролирано ширење на вирусот.

6. Мора да ги заштитиме здравствените работници и другиот важен персонал, нашите херои од првите борбени редови во војната против коронавирусот.

7. Мора да ги заштитиме најранливите членови на нашето општество.

8. Владите и приватниот сектор мора да работат заедно и континуирано да инвестираат огромни ресурси за тестирање и дистрибуција на вакцини, што е можно поскоро.

9. Не смееме да ги занемаруваме пациентите кои страдаат од други болести кои немаат никаква врска со Ковид-19.

10. Подготвеноста е од најголема важност и ваква ситуација никогаш повеќе не смее да се повтори.

Доктор Фриден на крајот заклучи дека заразите се неизбежни, но оти во иднина неподготвеноста за нив не треба да биде неминовност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *