Ден на МВР – полицајците во Македонска Каменица примија честитка од градоначалникот Стаменкова

Македонска Каменица 07. Мај 2018 година – Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова по повод 7-ми Мај Денот на македонската полиција, оствари посета на Полициската станица во Македонска Каменица. Во краткиот разговор со дежурните и раководни лица од ПС Македонска Каменица, Стаменкова им го честиташе празникот, посакувајќи им понатамошен успех во вршењето на нивната професионална работа, истакнувајќи благодарност за самопожртвуваноста и одличниот пристап кон истата. На кратката средба со Влатко Стојчевски – командир на ПС Македонска Каменица, градоначалникот Соња Стаменкова напомена дека врската меѓу општината, граѓаните и македонската полиција треба да се зајакне и продлабочи, со цел да се зголеми безбедноста во општината и земјата. 

Со одлука на Владата на Република Македонија од 20 април 1993 година, 7 мај е востановен како Ден на македонската полиција.

Денот на полицијата го честита и премиерот Зоран Заев, кој порача дека по сите премрежија и предизвици со кои се соочија службите во МВР „успеавме да ја вратиме основната функција на оваа служба да биде најцврстиот столб кој ја гарантира државноста, јадро на сигурноста и безбедноста на Република Македонија и во исто време полиција, пријател и заштитник на граѓаните“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *