Денес 530 делчевчани трчаа за здрав живот

Делчево трчаше за здрав живот. 530 натпреварувачи од најразлични возрасни категории си ги одмеруваа силите и кондициската подготвеност земајќи учество во втората трка која се организира под мотото „Трчај право за срце здраво“.

  • Сакаме да дадеме придонес за здрав живот, трката има порака за здрав живот, а со тоа и да го намалиме бројот на пациенти со кардиоваскуларни заболувања, каже Соња Маврдоиева – Ѓеоргиевска- учесник во трката.
  • На овој начин сакаме и спортот да го доближиме до младите генерации, вели Љупчо Чучуковски, ПСД „Голак“ – Делчево.

Најбројни на трката, сепак, беа учениците.

  • Сакам да победам, трчам за здрав живот, го сакам спортот, велат млади учесници.

Организаторите се задоволни од одзивот на натпреварувачите кои се натпреваруваа во 10 категории.

  • Имаме 530 учесници, обезбедивме вода за сите, а за најдобрите и медали, кажа  Дејан Златковски, Здружение „Драмас“.

Уличната трка во Делчево започна како иницијатива на делчевскиот иселеник во Швајцарија, Драган Стоиловски кој сака да го промени стилот на животот на делчевци.

  • Првиот мотив за да се организира една ваква трка потекна од мене и мојата сопруга. Јас постојано учествувам да трки кои се организираат во Женева и иницијативата и мотивацијата беше, бидејќи луѓето постојано овде се плачат за здравјето, а трчањето дава можност за здрав живот, па си рековме зошто да не организираме една градска трка која ќе даде поттик за здрав живот и ќе биде традиционална, кажа Драган Стоиловски, Здружение „Рефрама“.

Драган и на делчевската трка ја покажа својата физичка кондиција, тој стигна трет до целта, а пред него беа, Роберт Цетковски како второпласиран и Петар Стаменовски и Кристјан Китанов кои го подлеија првото место на главната трка. Од женската главна трка прва стигна до целта Атанаска Стојковски, втора Дафинка Тутунџиска,а трета Лидија Дамјанова.

Овие натпреварувачи со поддршка на Здружението на иселеници во Швајцарија, Рефрама“ ќе имаат можност да учествуваат во една од градските трки кои се организираат во Женева.

Извор: СтарТВ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *