Денеска умерено облачно, од утре заладување

Според информациите од УХМР времето денеска ќе биде малку до умерено облачно и нешто потопло. Во западните делови повремено значително облачно со краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено изразен во западните делови.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. Во Битола максималната температура до 30 степени.

Во вторник и среда ќе преовладува променливо облачно време со услови за краткотраен локален дожд во западните делови. Температурата значително ќе се намали, а вдолж Повардарието повремено ќе дува засилен северен ветер. Од четврток ќе преовладува сончево време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *