Денеска сончево и топло до 26 степени, од утре заладување и дожд

Времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од 19 до 26 степени.

Во Македонска Каменица сончево со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Во среда облачноста ќе се зголемува. Промена на временската состојба со значително опаѓање на дневната температура ќе има во четврток и во наредните денови, кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со врнежи од дожд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *