Денеска, Кино на отворено во Паркот на рударите. Почеток 20:00 часот

Вечерва, со почеток од 20:00 часот, во Паркот на рударите започнува прикажувањето на кинопроекциите од Кино на отворено во Македонска Каменица. Настанот се случува во рамки на Каменичкото културно лето 2022.

Во зависност од временските услови, како што стои во соопштението за јавност од КИЦ Романса, прикажувањето на кинопроекцијата че се случува на отворено, во спротивно истата ќе се прикаже во Домот на Културата.

Вечерва премиерно на репертоарот ќе се прикажува детскиот игран филм “СТАКЛЕНОТО МОМЧЕ“ (Glass Boy)
Кратка содржина :
Стакленото момче Пино Гамбаси е дете што страда од хемофилија и гори од нескротлива желба за слободна и бескрајна храброст: решава да ја почне својата авантура во светот и да им покаже на сите дека може да живее како и секое друго дете.
Година: 2020
Режија: Самуеле Роси
ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *