Делчевец лишен од слобода поради поседување на наркотици

На 10.03.2023 во 21.30 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода Д.Ѓ.(27) од Делчево.

По претходно издадена судска наредба од Основен суд Делчево и извршен претрес во неговиот дом и помошни простории, биле пронајдени и одземени марихуана, две дигитални ваги, дробилка со остатоци од марихуана, ризли и др.

За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Извор: Дневен билтен на МВР

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *