Две години од Преспанскиот договор

Согласно договорот, Грција прва го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО, а земјава на 30 март,стана 30. Членка на алијансата.

Во малото населено место Нивици на грчката страна на преспанското езеро точно пред две години шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и поранешниот грчки министер за надворешни работи Коѕијас ги ставија своите потписи на Преспанскиот договор.

Со решавањето на спорот со Грција се одблокираа интегративните процеси на земјава во НАТО и Европската унија. Македонија согласно договореното се преименува во Република Северна Македонија, државјанството стана македонско/ државјанин на Република Северна Македонија, а јазикот македонски.

Согласно договорот, Грција прва го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО, а земјава на 30 март,стана 30. Членка на алијансата.

По 15 години кандидатски статус и со над десет последователни препораки на Европската комисија за отворање преговори, Европскиот совет на 26 март оваа година донесе одлука за почеток на преговори со Македонија.

Сега земјава е во очекување на преговарачката рамка, која според најавите на европски дипломати треба да биде презентирана во наредните неколку дена од страна на ЕУ, а првата меѓу владина конференција се очекуваа оваа есен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *