Судија на претходна постапка им одредил една година затвор, условно за 3 години, а лицата се протерани и им е забранет влез во РМ во времетраење од 10 години.
Првото кривично дело Бугарките го извршиле на 15-ти овој месец, во автобус број 7 на ЈСП Скопје кој се движел на релација од населбата Аеродром кон Рекорд. Тие ја искористиле гужвата во автобусот и невниманието на оштетената, се доближиле до неа и додека едната се туркала во оштетенaта со цел да ѝ го одвлече вниманието, другата со протнување на рака од ташната и го украла паричникот со лични документи, картици и околу 1.300 денари.
Второто и третото кривично дело џепчиките го извршиле на 18-ти овој месец во автобус број 5 на ЈСП Скопје, кој се движел на релација од населбата Аеродром кон Рекорд. Тука неколку лица биле ограбени и им биле одземени паричници со лични документи, банкарски картички, семејни фотографии, пари и други лични предмети.
При извршувањето на второто кривично дело, истите биле забележани од страна на полициски службеници од ОИД-МД Центар и Бит Пазар и откако на автобуска постојка на бул. „Кочо Рацин“ се симнале од автобусот, истите се приведени во ПС ОН „Центар“. Украдените паричници со потврда им биле одземени и вратени на оштетените. Исто така во ПС ОН Центар извршен бил разговор со пријавените, при што истите во разговорот не сакале да го појаснат начинот на извршување на кривичните дела.