ДАШ е прогласена за најдобра диета осми пат по ред

Мошне популарната диета ДАШ е прогласена осма година по ред за најдобра, имајќи предвид дека се заснова претежно на овошје, зеленчук и интегрални житарки, а се избегнуваат слатки, слатки напивки и црвено месо.

Нутриционистите во рамките на истражувањата анализирале дури 38 најпопуларни диети во светот. При составувањето на листата проучувале различни фактори, вклучувајќи го степенот на леснотијата на придржувањето на диетата, колку диетата е хранлива, безбедна, ефикасна за губење на килограмите и во која мерка штити од дијебетес и болести на срцето кај следбениците на диетите.

Лек за висок притисок
Стручњаците од Универзитетот Харвард во декември 2017 година ја прогласиле диетата ДАШ за најдобар лек за лицата кои страдаат од висок крвен притисок, бидејќи се покажало дека позитивно влијае на намалувањето на килажата и го подобрува менталното здравје.
Диетата ДАШ првобитно настанала како начин на исхрана за лицата со висок крвен притисок, но поради својата безбедност и хранливост го понела епитетот за најдобра.
Научниците истакнуваат дека предностите на медитеранската и ДАШ диетите се во тоа што не се рестриктивни, за разлика од многу други диети.

Освен тоа, не е тешко да се придржувате на овие диети, а одлично се избалансирани и нудат и вкусни работи, помеѓу другото и црвено вино.
Диетата пропагира принцип на строга контрола на количеството храна. На пример, дозволеното количество риба/месо, грав, лешници, соја во еден оброк, треба да биде во големина на вашата дланка.

Најнебезбедни диети
Од друга страна, кетогената диета и „Диетата 30 дена“ (Whole 30) поради своите високи рестриктивности се прогласени за најмалку безбедни и ефикасни.
Кетогената диета се заснова на низок внес на јаглехидрати, и на умерен и висок внес на протеини и масти.
„Диетата 30 дена“ го елиминира внесот на шеќерот, алкохолот, житарките, мешунките (грав, грашок, леќа), сојата и млечните производи во траење од еден месец.
Научниците предупредуваат дека овие рестриктивни диети нудат брзо губење на килограмите, но донесуваат и голема опасност од повторно враќање на стартот на телесната тежина, односно килажата.

DASH – Dietary Approaches to Stop Hypertension (совладување на хипертензијата со здрава исхрана) или диета ДАШ претставува концепт на исхрана, пред сé, наменет за луѓе кои страдаат од зголемен крвен притисок (хипертензија). Таа помага да се намали крвниот притисок и нивото на холестерол во крвта, а го одржува нивото на шеќери оптимално, со што се намалува ризикот од појава на мозочен и срцев удар, одредени видови канцер, развој на дијабетес.

Поделена е во две фази. Првите две недели се внесуваат помалку јаглехидрати, со што се менува метаболизмот, бидејќи телото не мора да произведува многу инсулин. Овие 14 дена не се јадат овошје, житарки, но се внесуваат многу протеини (јајца, грав, леќа, соја, немасно месо и риба, пилешко, мисиркино, сирење, кисело млеко и јогурт со низок процент на масти), здрави масти (авокадо, јаткасти плодови, семки и масла од билки, посебно маслиново масло… кокосово и палмино масло не доаѓаат предвид, бидејќи се богати со заситени масти) и зеленчук кој не содржи скроб.

Во втората фаза на диетата ДАШ освен протеини и зеленчук, се внесуваат житарки, овошје и зеленчук кои содржат скроб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *