Дали Бразил ќе биде светски првак?

Бразил има најголеми шанси да ја освои титулата на Светското првенство кое во недела ќе започне во Катар. Бразил последната титула ја освои во 2002 година на СП во Јапонија и Јужна Кореја.

Опта ја создаде статистиката користејќи модел кој го проценува веројатниот исход на секој натпревар, исто така беа користени шансите за обложување и историскиот односно моменталниот ранкинг на секоја репрезентација.

Според сите овие податоци, Бразил има 16,78 отсто шанси да ја освои титулата. Аргентина е втора со 12,67 отсто, а трета Франција со 11,95 отсто. Има и една статистички финта, Франција има поголеми шанси за пласман во финалето од Аргентина.

Според Опта актуелните шампиони им дава 21,58 отсто шанси да стигнат до финалето, Аргентинците имаат 21,38 отсто шанса да учествуваат на последниот натпревар на турнирот.

Целосната статистика можете да ја најдете овде.

Izvor: topsport.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *