Португалецот веднаш започна да се поврзува со неколку европски клубови, како Интер и Реал Мадрид, а официјална понуда испрати и македонскиот третолигаш, Осогово. Твитер профилот на клубот се обрати до „специјалниот“ и го повика да дојде во нашата држава и да го научи нашиот јазик.
Екипата на Осогово моментално е лидер на Третата лига-Исток.
„Жозе Мурињо дојди кај нас! Немаш што да загубиш, секако ние сме шампиони, барем ќе го научиш македонскиот јазик“ , гласеше пораката на третолигашот.
Понудата е на маса, сега се очекува одговорот од претставниците на Мурињо…