Грција одлучи: Ќе го плаќаме сместувањето на туристите ако се заразат со коронавирус

Грција ќе го плаќа сместувањето на туристите кои ќе бидат позитивни на коронавирусот за време на одморот во таа земја, изјави портпаролот на грчката влада Стелиос Петсас, пренесува Б92.

 

-Ќе бидат сместени во хотел, а трошоците ќе ги сноси државата Грција, изјави Петсас.

 

Додаде дека Грција ќе го плаќа сместувањето за тие кои ќе дојдат во земјата и ќе мораат да останат во карантин.

 

-Илјадници луѓе поминаа низ процесот на карантин, рече тој и потсети дека тестовите за ковид-19 се прават на меѓународниот аеродром во Атина, а посетителите остануваат една ноќ во хотел додека не пристигнат резултатите. Појасни дека во зависност од резултатите од тестирањето, туристите може да останат во седумдневен карантин или под строг надзор 14 дена, доколку се позитивни.

 

Сепак, не појасни дали освен сместувањето државата ќе ја плати и храната и лековите за туристите позитивни на Ковид-19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *