Македонска Каменица, 08.03.2021 година – По повод 8. Март – Меѓународниот ден на жената, Градоначалничката на општина Македонска Каменица Соња Стаменкова упати честитка до своите сограѓанки.
Во честитката упатена од Стаменкова се вели:
Почитувани сограѓанки,
Во име на Советот на општина Македонска Каменица и во свое лично Име, Ви го честитам 8 Март -Меѓународниот ден на жената.
Правата кои ги ужива современата жена не се едноставно стекнати, туку дека за нив жените се избориле, а таа борба не била ни најмалку лесна.
Денес, повеќе од било кога е важно да останеме доследни во својата упорност за рамноправно и балансирано учество во јавниот, општествениот и економскиот живот.
Драги дами, останете силни и нежни, продолжете да бидете украс на светот. Ви посакувам добро здравје, лична среќа и успех во приватниот и професионалниот живот.
Со почит,
Соња Стаменкова
Градоначалничка на
Општина Македонска Каменица