Градоначалникот на Делчево упати Апел за евакуација на населението од селата во критичниот регион

Градоначалникот на општина Делчево упати Апел за евакуација на жителите од критичните реони во селата Нов и Стар Истевник.

Во апелот од градоначалникот Горан Трајковски се вели: Апелирам до жителите од критичните реони зафатени со големиот пожар да се евакуираат во градската средина.
Поради алармантната состојба на теренот, неконтролираното ширење на пожарот и силниот ветар, а со цел да не се загрозат човечки животи, неопходна е евакуација на жителите од селото Нов Истевник заедно со сите селски маала: Пасјак, Балабанци, Курачко Маало, како и на жителите од селото Стар Истевник.
Воедно, се апелира, жителите да бидат крајно внимателни и да не се движат во критичните реони. Поради неконтролираното ширење на пожарот се предупредуваат и жителите на с. Тработивиште да бидат крајно внимателни и да ја следат состојбата со цел брза реакција доколку пожарот земе посилен замаф во атарот на селото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *