Градоначалникот Атанасовски заедно со екипите на терен работи на решавање на проблемите на жителите од село Моштица

Македонска Каменица, 24. Април 2023 година – Градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атансовски во рамки на своите работни активности и задачи, беше присутен при изведувањето на повеќе теренските работи за решавање на инфраструктурните проблеми на жителите од село Моштица.

– Денеска сум во село Моштица каде ги решаваме најголемите нотирани проблеми на жителите од оваа рурална средина. Екипите веќе се на терен и работат на решавање на потребите на нашите сограѓани од Моштица, – истакна градоначалникот Атанасовски

При денешниот престој во Моштица, Атанасовски ја искористи приликата да го најави почетокот на изградбата на нов канализационен систем, за трајно решавање на проблемите со отпадните и фекални води во оваа рурална средина.

Покрај ова, градоначалникот на Македонска Каменица истакна дека веќе се подготвени уште неколку проекти кои ќе бидат реализирани до крајот на оваа година.

Ваквите работни активности, со подобрувањето на временските услови во следниот период, ќе бидат интензивирани и во остснатите селски и приградски средини од нашата општина.

Извор: Официјален налог на социјалните мрежи на Димчо Атанасовски – Градоначалник на Општина Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *